Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Стерјовски се сретна со  албански народен правобранител

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата со албанскиот народен правобранител, Ендрит Шабани, изразил благодарност за грижата и посветеноста што институцијата Народен правобранител ја покажува кон македонската заедница во Албанија. 
 
-Особено ме охрабри информацијата дека до крајот на овој месец ќе биде објавен Извештајот за состојбата со правата на националните малцинства во Албанија, заедно со конкретни препораки за нивно понатамошно унапредување, информираше Стерјовски. 
 
Додаде дека во процесот на подготовка на овој значаен документ, имале конструктивна средба со експертите од институцијата Народен правобранител, при што доставиле и писмени предлози, сугестии и препораки за подобрување на положбата и правата на македонското национално малцинство во Албанија. 
 
Се надеваме, вели тој,  дека нашите забелешки и препораки ќе бидат соодветно вклучени во конечниот извештај и дека тие ќе придонесат кон натамошно зајакнување на институционалната заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија.  
 
-Само преку силни, независни и одговорни институции, како што е Народниот правобранител, можеме да изградиме општество во кое секој граѓанин и секоја заедница ќе се чувствуваат еднакво почитувани, заштитени и вреднувани, нагласува тој. 
 
Според Стерјовски институцијата Народен правобранител е една од ретките независни институции во Албанија која континуирано и со особено внимание ја следи состојбата со правата и положбата на националните малцинства. 
 
– Оваа институција редовно ги разгледува и процесуира претставките и жалбите што ги поднесува македонската заедница, давајќи значаен придонес во заштитата на нашите колективни и индивидуални права, посочува Стерјовски.