Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Став на СПМ за измена на државниот грб

Социјалистичката партија на Македонија ја потсетува пошироката македонска јавност на својот став…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија ја потсетува пошироката македонска јавност на својот став за измена на државниот грб, изграден уште во 2015 година.

Имено, на потребата од измена ние во Социјалистичката партија на Македонија воопшто не гледаме како на наводно напуштање на идеолошките принципи поврзани со постоечкиот државен грб, туку како потреба од реафирмање на македонскиот земски грб.
Затоа што тој, како своевиден хералдички одраз на пошироките македонски простори, претставува континутитет или враќање на македонскиот народ на своите симболи и обележја и на неговото поистоветување со нив.

Предложеното решение и во 2015 година и денес го сметаме како враќање на обележјето кое во многу историски настани за македонскиот народ претставувало симбол за превземање на одлучувачки чекори и одраз на македонската идентитетска посебност.

Реклама

Овој став воопшто незначи дека ги забораваме придобивките од АСНОМ, за разлика од политички партии кои на нив се повикуваат иако само пред две-три години токму тие ја погазија македонската историја, Народноослободителната антифашистичка борба и ги поништија темелните определби на АСНОМ со најгрубо бришење од македонскиот Устав.

Ќе потсетиме дека токму македонските социјалисти преку Народно Ослободителниот Фронт се движечката сила во НОБ, учесници на АСНОМ и најактивни организатори во после воената изградба на Македонија и целосната афирмација на македонскиот народ.

Оттаму, со должно историско право Социјалистичката партија на Македонија спротивставувањето на иницијативата за воведување на земскиот грб искажано од опозициските партии, но и од одредени политички партии кои се дел од власта, го смета како неприфатливо и, со несогледувањето на глобалните промени, спротивно на националните интереси.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на прекинување на политичко партиското лицемерие и предупредува на политичката заслепеност, посочувајќи на потребата од оставање простор за трезвено размислување и носење одлуки од национален интерес во период кој ќе биде многу битен за македонската иднина.

Социјалистичка партија на Македонија