Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Статистика на МВР: Околу 30 пешаци годишно го губат животот на скопскиот асфалт

Црни точки кои одзеле голем број на животи не ги предомислуваат скопјани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Црни точки кои одзеле голем број на животи не ги предомислуваат скопјани да си  претрчуваат на сред коловоз, на главни и фрекфентни булевари каде нема пешачки премин. Натоварени со кеси од Зелен пазар, претрчуваат каде ќе им текне. Во главниот град освен што се вози брзо, не се почитуваат правила и закони, се вози под дејство на алкохол, сообраќајна култураа немаат ниту пешаците.. Критична точка е и булеварот кај Скопјанка во Аеродром..

Граѓаните бараат строги казни за несовесните возачи кои летаат по улиците, да се казнуваат и пешаците кои поминуваат каде ќе им текне, но да се подобри и сообраќјната инфраструктура.

„Јас внимавам каде префрлам, гледам да е на пешачки, ако се внимава нема да има несреќи, но сепак, возат брзо, Аеродром се вози брзо по булеварите“, изјави граѓанин.

„Лошо е луѓе, не пазат како возат, ама и ние пешаците не пазиме како префрламе, трчаме каде ќе стигнеме“, кажа граѓанка.

Реклама

„Не е добро, не воопшто, не знам, ризично е да се префрла, ама и ние не внимаваме каде префрламе“, кажа граѓанка

Загрижуваат статистиките кои ги имаат Министерството за внатрешни работи.. Од 2019 до денеска секоја година околу 30 пешаци живото го губат по Скопските улици. Најмногу казни полцијата поделила за брзо возење. Во Македонија во последните 5 години се казнети 117.470 возачи. Според статиските загрижува фактот што во изминатите 5 години полицијата во Скопје, поради брзо возење регистрирала  3100 сообраќајни несреќи. А од 2019 до 2023 алкохолот бил причина за 316 сообраќајки во главниот град.  

Негативните статистики и големиот број на жртви го вклучи алармот кај надлежните кои ги заострија контролите на патиштата ширум државава. Само во текот на вчерашниот ден, на ниво на Македонија изречени се 1036 казни  од кои 186 се пешаци, 224 за брзо возење, а 76 за возење без возачка дозвола.