Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Стартуваше кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“

Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“.  

Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот којшто беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема фреквенција на возила и граѓани.  

Градоначалникот Гоцевски кој е иницијатор на Кампањата, направи увид во текот на почетните работи. Истакнувајќи го значењето на акцијата, посочи дека како градоначалник, лично ќе ја надгледува реализацијата на кампањата.  

Реклама

-Оваа кампања ја спроведуваме врз основа на итната и неодложна потреба да се исчистат депониите коишто веќе подолг период наназад гледаме дека се присутни низ цела Општина Длечево, а за кои граѓаните на Делчево и, речиси, сите населени места со право реагираат, нагласи Гоцевски.  

Акцијата за расчистување од диворастечки растенија и отпад ќе продолжи на јавните површини по должината на целиот булевар, тротоарите до Агенцијата за вработување, но и до бензиската пумпа на излезот кон Берово. 

Воедно, се апелира до граѓаните кои се сопственици на имот покрај тротоарите на транзитниот булевар да ги отстранат диворастечките растенија и сувите дрва, бидејќи тие не само што го отежнуваат движењето по тротоарите, претставуваат и опасност за пешаците.