Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се обновува и летот до Келн

Скопје и Прага  од денеска  се поврзуваат со директeн лет. На оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје и Прага  од денеска  се поврзуваат со директeн лет. На оваа релација  ќе лета Виз eр со субвенции од Владата, секој понеделник, среда и петок.

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19.25 ќе биде обновена и линијата на Виз eр до Келн со четири лета неделно, секој понеделник, среда, петок и недела. 

– Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од нaјдинамичните региони, рече  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.   

Реклама

  Секоја нова дестинација што им ја отвораме на граѓаните, посочи, е нова можност – за подобра економска соработка, за повеќе туристи, за побрз развој на бизнисот и за нови партнерства.

-Тоа е и можност за поголема видливост на Македонија и посилно вклучување во европските економски и технолошки текови, рече Божиновска, на чија иницијатива повторно се воспоставува авиолинијата Скопје – Прага што беше во функција од 2005 до 2012 година.

Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, истакна дека со отворањето на оваа рута, не само што се нуди нова можност за патниците и се поврзуваат двата града Скопје и Прага, се создаваат можности за економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловните врски. 

-Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага уште подостапна за нашите граѓани и компании и истовремено ќе им овозможи и на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија, рече Курт, истакнувајќи дека оваа авиолинија е плод на стратешка соработка и посветена тимска работа.

Андраш Радо, директор за конуникации во Визер соопшти дека цената на билет за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари  е 21 евро.  

– Посветени да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции во цените, рече Радо.

Како што најави Курт,  следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосоовраќајот од македонските аеродроми, со над 3, 5 милиони патници.