Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Старо Нагоричане ќе се фокусира на подобрување на условите во училиштата, за изработка на техничка документација

Општина Старо Нагоричане годинава ќе се фокусира на подобрување на условите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Старо Нагоричане годинава ќе се фокусира на подобрување на условите во училиштата, со посебен акцент на изработка на техничка документација за поголеми реконструкции, најави на прес конференција градоначалникот Мирослав Славковски.

-Имаме три централни училишта. За централното општинско училиште во село Драгоманце постојат сериозни проблеми со кровната конструкција, додека во Старо Нагоричане дел од училишниот објект е во фаза на конструктивно оштетување и ќе биде потребна обемна санација. За да можеме да аплицираме на повици од ресорното министерство, мора најпрво да изработиме соодветна техничка документација, изјави Славковски.

Паралелно со тоа, во подрачните училишта општината ќе инвестира сопствени средства, согласно можностите и барањата на самите училишта.

Реклама

-Ќе вложуваме во поставување на ламинати, оградување на училишни дворови и други интервенции со цел подобрување на условите за учениците, посочи градоначалникот.

Поддршката за учениците продолжува и во финансиски дел. На наредната седница на Советот ќе биде предложена одлука за зголемување на финансиската помош за првачињата.

-Досега износот изнесуваше 4.000 денари, а ќе предложиме да се зголеми на 6.000 денари за сите запишани првоодделенци, почнувајќи од претстојната учебна година, најави Славковски.

Општината и натаму ќе ги покрива трошоците за тридневната наставничка екскурзија за учениците од деветолетките, практика што беше успешно спроведена и минатата година.

Во меѓувреме и општината одвојува по 16.000 денари за студентите, еднаш во текот на студирањето.