Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Старица ги загрозува соседите, а институциите ги врти на малиот прст

Нова станбена зграда  на улица “Стив Наумов“ во Битола, која на прв…

Сподели:

Нова станбена зграда  на улица “Стив Наумов“ во Битола, која на прв поглед оддава конфор и квалитетно урбано живеење со четиринаесет станови и еден куп мали деца. Но, тука десет месеци се случува вистински хорор. Шеесетгодишната Блага Крстиќ, која живее искинато парче живот на приземјето во самјачење и изолација, не комуницира со никого, излегува и влегува преку балкон по ноќ и рана утрина и онака агресивно, им прави зулуми и пакости на комшиите. Најмногу страдаат првите соседи, Лиле и Кире Враговски, бидејќи кај комшивката пукната е водовдона цефка и целиот стан им е во влага и мувла. Ниту полиција, ниту суд, ниту некоја друга институција не и најдоа чаре од јуни до сега.

“Станот ни е оштетен сто отсто и не се живее внатре од влага и на мувла и вода газиме. Никој не презема мерки- дојде полиција, од Социјални грижи, во Судот дадовме, ама никој и не знам каде уште да појдеме. Таа е над сите фактори и никој ништо не и може” –  рече Лиле Враговска.

Комшиите, исто така, се потресени и загрижени, сите со страв да не ги потпали агресивната старица.

Реклама

“Од јуни месец с ебориме со овој проблем. Вода тече во станот, на плин мириса зградата и неподносливо станува. Ризично е дете да излезе надвор. Ни се заканува, едноставно е агресивна- рече комшивката Наташа Николовска.- И јас сум загрижена за малите деца како ќерка ми, како и на сосетката, многу страшна работа- рече Анета Корлевска.- Ни е страв, кантата ја запали кај контејнерот надвор, страв ни е и куќите да не ни ги запали” – вели Фикрие Селмани.

Од полицијата им велат дека им е потребен судски налог за да влезат, од Центарот за социјална работа немаат предмет ниту дијагноза за старицата, а Судот е заглавен во постапка во која излегува дека човечките права на старицата се над сите останати станари, кои во услови на епидемија со Ковид- 19, нехигиената, валагата и мувлите се многу пореална опасност.

“Четири судии дојдоа, ама како еден не реши. Ние не баравме којзнае што- да се отвореше вратата, да се санираше штетата и да се продолжи понатаму да се живее понормално, ама тоа не се случи” – вели низ солзи Лиле Враговска.

Бидејќи сите мијат раце, останува Основниот суд да го пресече “гордиевиот јазол“. Одлука за постапување има, но надлежниот судија користи една од владините мерки за чување на децата, бидејќи жената му е матичен лекар. Проблемот е во доставата, оти старицата  е вешта и  е недостапна. Потоа би следела жалбена постапка с`е до правосилност, додека не би стасало извршувањето, до кое, станарите се опасно загрозени, а институциите старицата ги врти на малиот прст.

Петар Стефановски