Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

🎥Стапи на сила мерката за училишниот прибор: граѓаните задоволни, трговците неподготвени

Започна кампањата за пониски цени на училишниот припор. Стапи на сила одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна кампањата за пониски цени на училишниот припор. Стапи на сила одлуката на владата со цел  заштита на семејниот стандард во пресрет на стартот на школската година. Но трговците се чини го чекаа последниот момент за обележување на цените. Алфа направи обиколка низ неколку поголеми книжарници во центарот на Скопје. Забележавме дека дел од  цените  се обележани со налепницата „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Но,  на најголем дел од производите го немаше попустот. Вработените во една од книжарите кои ги посетивме ни одговорија дека немале доволно време да се подготват и попустот се пресметувал на каса. Листата со намалени цени им била изготвена, само треба да ги залепат. Ни тврдеа дека во скоро време ќе ги истакнат и старите и цените со попуст, обврска што произлегува од владината одлука.

Цените се намалени за 15 проценти при продажбата на мало, а трговците на големо ги намалија за 10 отсто. Граѓаните кои веќе купиле производи со попуст се задоволни.

Ранци, прибори, моливи, пенкала, гуми, острилки, боици, лењири, шестари, тетраки, калкулатори, хамери, маркери, пластелин, блокови, лепила –сите производи кои му се потребни на еден ученик се на попуст.  Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намалат, нагласува Владата, туку и според одредени анализи, би се преполовиле трошоците на илјадници семејства што имаат ученици.