Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка. 

Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал. 

Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на теритријата на Скопје.  

Реклама

Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија изјави дека во 2025 година се  стабилизираа цените на градежните материјали годинава  и оти годинава очекува стабилизација на продажните цени на становите.

– Очекуваме поголема понуда и се надеваме дека 2026 година ќе биде година која ќе биде запаметена како година во која понудата ќе се израмни со побарувачката. Нашите очекувања се дека ќе се гради не помалку од 2025 година во регионите во кои имаше голема трансакциска активност во годината која измина, тука пред се би ги издвоил полошкиот, пелагонискиот но и скопскиот регион, рече Серафимовски. 

Последните податоци од Државниот завод за статистика  објавени за октомври лани,  покажуваат дека  од 446  одобренија за градење, 289 (64,8  проценти) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е  предвидена изградба на 1 177  станови.

 Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности  за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра.