Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Стаменковска обивнува за притисоци преку закани, уцени и распоредувања во Службата за општи и заеднички работи

Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација на својот Фејсбук профил сподели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација на својот Фејсбук профил сподели реакција во која пишува дека заробените институции, хибридениот режим, без одговорност и без грижа за животот и здравјето на своите вработени, не запираат со притисоците и заканите кон вработените во јавниот сектор од една страна, додека надлежните за вршење надзор над примена на законите со месеци не постапуваат по жалби и претставки за да го заштитат правото од работен однос од друга страна.

Во продолжение нејзиниот фејсбук статус.

„Заробените институции, хибридениот режим, без одговорност и без грижа за животот и здравјето на своите вработени, не запираат со притисоците и заканите кон вработените во јавниот сектор од една страна, додека надлежните за вршење надзор над примена на законите со месеци не постапуваат по жалби и претставки за да го заштитат правото од работен однос од друга страна.

Реклама

Имено, во изминатиов период доставив претставка за незаконско работење во ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија и за Царинска управа, но до денес немам никаков одговор од Државната комисија за спречување на корупција и од Државниот управен инспекторат.

Поради не постапување на овие институции во Царинска управа се продолжува со незаконски распоредувања и унапредувања и истите незаконски постапки нема кој да ги запре.
Директорот на Царинска управа, доколку за унапредување неговиот кандидат не ги исполнува условите или има помалку бодови, истото не го спречува да го унапреди послабо рангираниот или пак воопшто да не изврши избор што е спротивно на закон.

Во моментов ескалира состојбата и во Службата за општи и заеднички работи каде вработените се изложени на најголеми притисоци преку закани, уцени, распоредувања, дисциплински постапки и најново: тенденциозни и неосновани забелешки во полугодишното интервју со намера да се влијае врз вработените за претстојните предвремени парламентарни избори. За сите притисоци и закани врз вработените, во континуитет алармирам и ги известувам надлежните институции. Одговорност мора да има‼️

Злоупотребите на институциите и на вработенитеза партиски цели и на веднаш мора да сопре, а одговорност да има.

Апелирам уште еднаш да се запре со притисоците и заканите врз вработените во јавниот сектор, да се запре со незаконските вработувања и унапредувања а надлежните институции да спроведуваат надзори да ги штитат правата од работен однос а не да замижуваат и не постапуваат.

Секоја злоупотреба на службена должност и овластувањата кои ги имаат функционерите на СДС, ќе сноси одговорност, порано или подоцна!

Ќе повторам и ќе апелирам до одговорните лица во институциите, доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа, за безбедни работни места лоцирани во просторииите на работодавецот или во некоја привремена или подвижна работна локација до која вработениот има пристап во текот на неговата работа и која е под директна или индиректна контрола на работодавецот.

Време е надлежните функционери на СДС да се посветат на здравјето на вработените а не на притисоци и предизборен поткуп.

Ги повикувам вработените во јавниот сектор и понатака да ме контактираат за секој притисок, уцена или закана. Ја имате мојата поддршка.
Ќе победиме, ќе успееме.“

 

 

https://www.facebook.com/nevenkastamenkovska/posts/964857067277616