Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици, оцени Советот на Народната банка

Советот на Народната банка на редовната седница ги разгледа најновите економски показатели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Народната банка на редовната седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени дека макроекономската состојба во земјата засега останува стабилна и во рамките на очекувањата.

– Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот на 2026 година годишната стапка на инфлација следува надолна патека и во февруари се сведе на 2,9 процента во согласност со очекувањата при посилно забавување на цените кај базичната компонента – се наведува во соопштението од Народна банка.

Сепак, како се посочува во соопштението, поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот, очекувањата за дел од увозните цени, пред сѐ, за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период.

Реклама

– Досега се покажа дека домашната економија е главно отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и во 2025 година забележа забрзан економски раст, што се должи на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година засега не се доволни за попрецизни согледувања имајќи ги предвид само јануарските податоци за индустријата и за прометот во трговијата, кои засега бележат послаби остварувања на годишна основа. Девизните резерви бележат раст од почетокот на годината и се одржуваат на соодветното ниво. Во однос на монетарниот сегмент, растот на депозитите и кредитите, заклучно со февруари, е солиден и е умерено над очекувањата за првиот квартал од годината – велат од Народна банка.

Советот, како што се посочува во соопштението, оцени дека макроекономската состојба засега е стабилна и во согласност со последните проекции, но Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на надворешното окружување и на потенцијалните ризици од светските и регионалните настани заради одржување на макроекономската стабилност.