Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ССНМ: Нападите врз медиумите се недозволиви, институциите итно да реагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува синоќешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува синоќешниот насилен упад во редакцијата на Инфомакс и бара неодложна реакција на институциите. Нападите врз новинарите и медиумските работници, а особено напади директно во редакции претставуваат сериозна закана за слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани.

Според пријавата од Инфомакс, вчера доцна вечерта додека во живо одел поткастот „Тешки муабети“, непознато лице упаднало во редакцијата кршејќи неколку врати, се заканувало и се обидело физички да се пресмета со новинарите.

„Лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните“, објави Инфомакс.

Реклама

Според уредникот на Инфомакс, Александар Митовски била повикана полиција, а против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава за напад врз службено лице.

Како што објави Министерството за внатрешни работи, напаѓачот бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по брза постапка.

Напад врз новинари и медиумски работници, како и попречување на нивната работа за известување на јавноста потпаѓа под член 382 од Кривичниот законик – Спречување службено лице во вршење службено дејствие. За дела кои ги опфаќа овој член предвидени се казни до три години затвор.

ССНМ предупредува дека ваквите напади претставуваат не само опасност за физичката безбедност на новинарите и медиумските работници, туку претставуваат и напад врз јавниот интерес и слободата на говор и на изразување кои се столбови на демократските општества.

Ги повикуваме институциите ефикасно и брзо да реагираат и во понатамошниот дел од постапката, бидејќи неказнивоста на вакви дела против слободата на медиумите претставува охрабрување на понатамошни напади и создава небезбедна атмосфера за работа на новинарите и медиумските работници.