Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Средби на Божиновска на Форумот во Атина, во фокусот јакнење на регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и енергетска сигурност

Можностите за нови интерконекциски врски и иницијативата на Бугарија за проширување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за нови интерконекциски врски и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, биле дел од темите на билатералните средби на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на маргините на министерскиот состанок што се одржа во рамки на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Атина. 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека Божиновска имала интензивна дипломатска активност и оти имала билатерални средби со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папастравру,  извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис,  како и со бугарскиот колега Жичо Станков. 

Божиновска и Станков ја истакнале важноста на проектот East – West Transmission Corridor (EWTC) како клучна иницијатива за зајакнување на регионалната поврзаност, интеграција на пазарите и зголемување на капацитетите за обновлива енергија, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.

Реклама

– Во разговорите беше подвлечена и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, што ќе придонесе за поголема достапност и пониска цена на гасот, како и за зголемена енергетска сигурност во регионот. Во таа насока, двете страни се договорија за организирање на заедничка средба меѓу претставници на двете земји за подобра координација и размена на информации за заедничките проекти, соопшти МЕРМС.

На средбата со извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис, се разговарало за продлабочување на техничката соработка и за можности за нови интерконекциски врски кои ќе придонесат за стабилен и одржлив регионален енергетски систем. 

– Вниманието кон Македонија на P-TEC форумот беше јасно – тоа е потврда дека нашата земја е активен и доверлив партнер кога се зборува за енергетска стабилност, стратешки инвестиции и сигурна иднина за регионот, изјави министерката Божиновска.

Таа изразила особена благодарност до премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, и до грчкиот министер за животна средина и енергетика, Ставрос Папастравру, за поддршката и вниманието што го посветиле кон Северна Македонија.

На маргините на форумот, министерката разговарала и со хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, кипарскиот министер за енергетика, трговија и индустрија Ѓоргос Папанастасиу, како и со Дите Јул Јоргенсен, генерална директорка за енергетика во Европската комисија.

Форумот P-TEC, кој ги обединува министерите за енергетика од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог и координација на политиките во насока на сигурна, чиста и поврзана енергетска иднина.