Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Средба Сиљановска-Давкова – Стевановиќ: Деблокирање на евроинтегративниот процес и продлабочување на парламентарната соработка

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата.

На средбата, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната доверба.

Таа ја поздрави работата на пратеничките групи за соработка и посочи на потребата од натамошно продлабочување на парламентарните врски.

Реклама

Според претседателката, Словенија е мост меѓу Балканот и Централна и Западна Европа, добро ги разбира историските и регионалните околности и јасно ја согледува важноста на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

Стевановиќ, од своја страна, потенцираше дека Словенија ќе продолжи да биде пријател и поддржувач на македонскиот евроинтегративен процес.

Тој ја потврди подготвеноста за унапредување на парламентарната и севкупната соработка преку поинтензивна комуникација и размена на искуства меѓу македонските и словенечките институции.

Соговорниците се согласија за потребата од деблокирање на македонските евроинтеграции и укажаа на неопходноста од засилена соработка.