Реклама
Македонија

Средба Сиљановска Давкова- Бегај: ЕУ интеграциите и економскиот напредок главна тема на разговори

Членките на Европската Унија треба да почнат да се однесуваат сериозно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членките на Европската Унија треба да почнат да се однесуваат сериозно со цел превенција на билатерализацијата, бидејќи поради тој проблем држави кои природно и географски приѓаат на Унијата, не можат да станат членки, порача претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, мислејќи на билатералниот проблем кој државава го има со Бугарија.

По средбата со албанскиот колега, Бајрам Бегај, порача дека цврсто остануваме определени за членство во ЕУ, по патот на реформите, а не со ставање на агендата на идентитетски и историски прашања. 

-Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и дека сериозно треба да се однесуваат членовите на ЕУ, кон неа да ја превенираат, дека ставањето на агендата на идентитетските прашања, само ќе го комплицира процесот на пристапување, изјави Сиљановска Давкова.

Реклама

Сиљановска Давкова и Бегај изразија задоволство од досегашната меѓуебна соработка на сите полиња, но и се сигурни дека има простор за нејзино унапредување. Претседателката на Македонија порача дека пред се тоа треба да биде во економијата, трговската размена, меѓуграничната соработка и транспортот, пред се бидејќи станува збор за соседни држави.

-Има неискористен материјал меѓу бизнис заедниците, треба да се валозирира, потребна е понатамошна инстрарктурна заедничка активност и поврзаност. Треба да ги олесниме процедурите за прекугранична соработка, изјави Сиљановска Давкова.

На истиот став е и Бегај, вели дека сигурно кон тоа ќе помогне и Коридорот 8, кој треба да претставува симбол на нова ера меѓу Македонија и Бугарија. Според него економската соработка е многу важна и значајна, а нејзин напредок е можен поради географската местоположба.

-Заклучивме дека Коридорот 8 не е само пат за транспорт, туку е енергетски, железнички и над се коридор за европска безбедност, кој го поврзува средноземието со црното море. И нашите две земји се во средиштето на овој стратешки значаен патен правец, изјави Бегај.

Албанија во моментов преговара со Европската Унија, додека Македонија преговорите се уште ги нема отворено поради Францускиот предлог кој беше прифатен од страна на власта предводена од СДСМ и ДУИ, па сега Бугарија го користи за да не уценува. Бегај изрази надеж дека неговата земја ќе го затворела процесот на преговори во текот на 2027-ма година, а до 2030-та ќе станела членка на ЕУ. И двајцата претседатели не сакаа да коментираат за можната опција за членство во Унијата без право на вето, додека не видат таков предлог.  

Бегај се обрати во Собранието, а се сретна и со премиерот Христијан Мицкоски, на средбата било разговарано за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтегративни процеси. На агендата на претседателот на Албанија е и посета на општините Тетово, Гостивар и Дебар.

Матеја Петровски