Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Средба Сали – Нухи Алиу: Домашната економија се движи кон стабилизација

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска во Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска во Владата оствари средба со делегацијата на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од нејзиниот претседател Нухи Алиу.

Средбата, како што информираат од неговот кабинет, се одржа во конструктивна атмосфера, при што беше направен преглед на изминатата година, како и на предизвиците предизвикани од глобалната економска криза. И покрај овие предизвици, беше оценето дека државата успеала да зачува стабилност во однос на инвестициите и економската клима.

– Проекциите за оваа година се позитивни. Исто така, значајна улога ќе имаат и јавните инвестиции, кои веќе се во фаза на реализација од страна на Владата. Домашната економија се движи кон стабилизација, што укажува дека инвестициската клима во земјата влегува во поповолна фаза – се наведува во соопштението.