Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

Средба помеѓу гувернерката Ангеловска-Бежоска и евроамбасадорот Михалис Рокас

Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто го ужива во јавноста, како и за спроведувањето на политиките за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Народната банка постојано се стреми кон сè повисоко ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење, со цел да ја задржи високата доверба. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во земјава, при што беше нагласено дека монетарната политика е високо усогласена со европската регулатива, што е наведено и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка и натаму води претпазлива монетарна политика со цел да се осигури ценовната стабилност. Народната банка дополнително ќе ја зајакнува и отпорноста на банкарскиот систем преку мерки и регулаторни барања и ќе ги унапредува сопствените институционални капацитети за подобро справување со светските трендови и предизвици.

Амбасадорот искажа поддршка за напорите на Народната банка за поднесувањето барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА.

Реклама

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и евроамбасадорот Рокас разговараа и за повеќе актуелни прашања коишто се дел од дијалогот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2024 ‒ 2026 година од страна на земјите кандидатки.