Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Средба Николоски – Миљаниќ: Потребно е воспоставување авиолинија меѓу Македонија и Црна Гора во интерес на подобро поврзување на двете земји

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во земјата, Зоран Миљаниќ.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, а притоа акцентот е ставен на можноста за воспоставување нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт, 

Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти, како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа е истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.

Реклама

На средбата станало збор и за зголемување на економската соработка, трговската размена, како и соработката во туризмот.    

– Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи, особено за можноста за воспоставување авиоповрзување меѓу двете земји. Исто така, отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и сè што е во интерес на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период – истакна вицепремиерот Николоски.

Двајцата соговорници, како што е наведено, се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, особено во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.