Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Економија

Средба Николоски-Грубер: Потврдени добрите односи меѓу Македонија и Австрија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер,  генерален секретар во федералното Министерство за економија. На средбата на која биле потврдени добрите билатерални односи, се разговарало и за економската и трговска соработка меѓу двете земји.

-Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање, информираат денеска од Министерството за транспорт.

Вицепремиерот Николоски на средбата посочил дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во развој на инфраструктурата и модернизација на транспортните коридори. Во таа насока го презентирал проектот за брза пруга на коридот 10, економските и транспортни бенефти од реализација на овој проект за регионот и Југоисточна Европа.

Реклама

Вклученоста на Австрија во овој регионален проект ќе ги поттикне економските перспективи на регионот, потенцирал вицепремиерот Николоски и додаде дека истиот ќе придонесе за стабилизација, брз и сигурен транспорт на добра и патници.
 
На средбата се разговарало и за реализација на заеднички инвестиции во гасоводната мрежа,  економските политики на владите, а разменија и мислења и во однос на актуелните политички случувања и нивното влијание врз регионот.