Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

Средба Николоски – Азески, акцент ќе биде ставен на проблемот со новите протоколи на Европската Унија, EES и ETIAS

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе има работна средба …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе има работна средба  со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.

На средбата, како што најавуваат од СКСМ, ќе се разговара за повеќе теми од интерес за бизнисот, а особен акцент ќе биде ставен на проблемот со новите протоколи на Европската Унија, EES (систем за влез/излез) и ETIAS (европски систем за информации и авторизација за патување), како два одделни системи што постепено ги воведува ЕУ за управување и контрола на влезот во Шенген зоната, едниот од 2025-та а другиот од 2026 година, а кои за компаниите ќе преставуваат дополнително оптоварување.

-Бизнисот укажува дека со ваквите протоколи, транспортните оператори се во неповолна положба во споредба со операторите од ЕУ во однос на утврдените ограничувањата, поради Шенгенските правила што го ограничуваат периодот на професионалниот возач кој може да извршува билатерални транспортни услуги (ограничување од 90 дена во текот на кои било 180 дена), велат од Комората. 

Реклама

Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од 6 месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

На работната средба ќе се разговара и за големата конференција за инфраструктура и градежништво, која Комората ќе ја организира кон средината на следниот месец