Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Средба на заменик министерот Исени со претставници на чешката служба за внатрешна контрола

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени денеска во МВР ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени денеска во МВР ги прими директорот на Генералниот директорат на безбедносните сили (ГИБС) на Чешка, Хендрих Вит придружуван од заменик директорот на ГИБС, Петар Хвистек и полковник Андреа Шторхова, кои инаку се во дводневна работна посета на македонското МВР, односно на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РМ.

На средбата заменик министерот Исени поздравувајќи ги гостите од Чешка ја потенцираше досегашната извонредна билатерална соработка меѓу полициите на двете земји оценувајќи ја како партнерска и крајно конструктивна, особено во делот на поддршката на нашите напори за исполнување на бараните европски стандарди и критериуми во насока на целосно интегрирање на земјата во ЕУ. Воедно, токму соработката меѓу специфичните организациони единици за внатрешна контрола на двете полиции беше потенцирана како еден од многуте конкретни и практични примери за успешното меѓусебно разбирање и партнерство во остварување на заедничките интереси.

Реклама

Инаку, ГИБС е институција која врши контрола над работата на полициски службеници, припадници на затворска полиција, судска полиција и царинска управа на Чешка, и деновиве заедно со домаќините – нашите припадници на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, имаа плодни работни средби во кои што, меѓу другото, фокусот беше ставен на развивање и продлабочување на соработката меѓу двете служби на полето на остварување на внатрешна контрола на работниците и сузбивање на криминалот во редовите на полицијата.