Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Средба на претседателот на Стопанската комора на Македонија со градоначалникот на Кавадарци

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев, информира Стопанската комора на Северна Македонија во соопштение.

На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати како и пред да стане градоначалник, како генерален менаџер на Кожувчанка Кавадарци и како претседател на Регионалната комора во Квадарци, имаше одлична соработка, а ја истакна и заложбата дека во следниот период ќе следи уште поголемо вмрежување и активности во насока на создавање моќно партнерство од значење за бизнис заедницата.

Д-р Јанчев како активен поддржувач и промотор на македонската економија и во овој мандат ќе ја добие целосната поддршка од Стопанската комора на Македонија, институција во која тој активно е вклучен повеќе од 20 години.

Реклама

Претседателот Азески му ја врачи наградата на д-р Јанчев за најгледан поткаст како гостин во првата сезона на “Бизнис Клуб” со Бранко Азески.