Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Средба на министерот Муцунски со министрите за надворешни работи на Литванија, Египет и Јордан

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одделни средби со министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, како и со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеници на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман Ал-Сафади, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На средбата со литванскиот министер, Муцунски изрази задоволство што годинава двете пријателски земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и продолжуваат да градат партнерски релации и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Тој нагласи дека Литванија е важен сојузник во рамките на НАТО и значаен поддржувач на евроинтегративниот процес на нашата држава.

Министерот Муцунски изразил благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Литванија за македонската интеграција во ЕУ и за нејзината стратешка визија во однос на проширувањето на Унијата и европската иднина на земјите од Западен Балкан. Особено беше потенцирана литванската експертска и техничка помош во исполнувањето на европските критериуми.

Реклама

-Двајцата министри ја потврдија посветеноста за натамошно унапредување и продлабочување на севкупните билатерални односи и соработка, базирани на длабоко пријателство и споделени вредности, се наведува во соопштението.

На средбите со министрите на Египет и Јордан беше нагласена заедничката заложба за интензивирање на билатералните односи, пред сè на политичко ниво, но и во делот на економијата, трговијата, културата и образованието.