Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Средба на министерот Муцунски со генералната директорка на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Женева, во седиштето на Светската трговска организација оствари конструктивна средба со генералната директорка Нгози Оконџо-Ивеала.

Директорката ги поздрави економските и надворешно-трговските политики на македонската влада поврзани со странските инвестиции, пазарот на трудот, отвореноста на економијата, како и усогласеноста на државата со рамката на Светската трговска организација.

Муцунски истакна дека економските реформи се високо на агендата на владата и ја нагласи посветеноста за трансформација на економијата во согласност со побарувачката на пазарот на труд и глобалните трговски пазари. Тој подвлече дека привлекувањето странски инвестиции е силен приоритет, особено во секторите енергетика, фармација, одбрана и други области каде што државата може да покаже високо ниво на конкурентност.

Реклама

„Силниот ангажман на владата за привлекување на странски инвестиции, членството во НАТО и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ се потврда дека државата е доверлив партнер и атрактивна локација за инвестирање. Ова дава резултати преку зголемен обем на реализирани странски инвестиции и позитивни економски показатели во делот на извозот“, нагласи Муцунски.

Двајцата соговорници се согласија дека интеграцијата на Западниот Балкан е неопходно да добие поголема динамика, бидејќи тоа ќе значи реализација на нови стратешки проекти, поголем прилив на инвестиции, забрзан економски развој на државите и отворање пристап до нови пазари за домашните компании.

Муцунски на средбата говореше и за новите надлежности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое сега е одговорно за процесите, политиките и регулативата поврзани со надворешната трговија. Тој најави дека активно учество и засилената соработка со Светската трговска организација ќе бидат еден од приоритетите во следниот период.