Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Средба на министерот Муцунски со државната министерка за Европа и клима го германското МНР, Лирман

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.

Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите години.

Особено беше нагласена важноста од зајакнување на меѓусебната соработка во рамките на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и континуираната поддршка од Германија на тој пат. Беше изразено и заемно задоволство од придобивките на Берлинскиот процес, во насока на забрзување на евроинтеграциите.

Реклама

Потенцирајќи ја потребата од поголема предвидливост на интегративниот процес, Министерот Муцунски потврди дека нашата земја останува стратешки посветена на забрзување на процесот за пристапување во ЕУ, со фокус на квалитетно спроведување на реформите.

Министерката Лирман го поздрави напредокот во реформските процеси, уверувајќи дека германската поддршка на интегративниот пат на нашата земја ќе продолжи и понатаму и потврдувајќи дека Германија останува сигурен партнер на патот кон Европската унија.