Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Средба на министерот Минчев со амбасадорката на Грција Филипиду, фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација, информираат од Министерството. 

Соговорниците се осврнале на можностите за продлабочување на партнерството преку размена на искуства и добри практики, како и преку користење на европските програми за поддршка на институционалниот развој.

Особено внимание било посветено на воспоставувањето и развојот на Академијата за јавна администрација, како значаен сегмент во градењето професионална, ефикасна и департизирана јавна служба. Во тој контекст, била изразена подготвеност за соработка и размена на експертиза во делот на обуките, стручното усовршување и развојот на административните капацитети.

Реклама

Министерот Минчев ја истакнал важноста од континуирана соработка со Република Грција како сосед и партнер, нагласувајќи дека ваквите средби придонесуваат за зајакнување на меѓусебната доверба и за унапредување на реформските процеси во јавниот сектор.

Министерството за јавна администрација, велат оттаму, ќе продолжи активно да ја унапредува меѓународната соработка и да вложува во јакнење на институционалните капацитети, со цел обезбедување поквалитетни, поефикасни и подостапни услуги за граѓаните.