Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Средба на министерката Јаневска со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер

Интензивирање на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, како и проширување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивирање на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, како и проширување во делот на високото образование и наука, беа тема на состанокот помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

Двајцата соговорници, како што информираат од МОН, ја истакнале поддршката на швајцарската влада во делот на средното стручно образование, дуалното образование, како и зајакнување на соработката со компаниите и текот на спроведувањето на проектот Образование за вработување (e4e.mk) кој влегува во неговата двегодишна завршна фаза.

На средбата, исто така, било разговарано и за соработката помеѓу универзитетите од двете земји, како и интензивирање на соработката во полето на науката и научно-истражувачката дејност, како и за подршката која ја добива Македонија во спроведувањето на Паметната специјализација и употребата на вештачката интелигенција.