Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Средба на македонскиот амбасадор Тупанчевски и генералниот секретар на МНР на Србија: Односите меѓу Белград и Скопје го достигнуваат своето највисоко историско ниво.

Македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски денеска оствари средба со генералниот секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски денеска оствари средба со генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Србија, Душан Козарев при што беше оценето дека односите меѓу Белград и Скопје го достигнуваат своето највисоко историско ниво.

Тие истакнаа дека оваа година се одбележуваат две значајни годишнини: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и 80 години од населувањето на Македонци во Војводина

Акцентот во разговорот беше ставен на постигнатото интензивирање на економската и културната соработка, како и на зајакнување на врските во областите на инфраструктурата и енергетиката. Беше оценето дека неодамнешното отворање на Конзулатот на Македонија во Панчево е важен елемент во зајакнувањето на севкупните односи.

Реклама

Козарев рече дека Србија останува цврсто посветена на духот и целите на иницијативата „Отворен Балкан“, нагласувајќи дека таа претставува еден вид „мини Шенген“ на патот кон целосно пристапување кон Шенген зоната. Соговорниците се согласија дека нашите две земји во регионот се најблиску до ова, бидејќи најмногу напреднале во процесот на меѓусебна интеграција, како и во укинувањето на сите контроли и ограничувања.

Важна тема на разговор беше и европската интеграција. Беше истакната меѓусебна поддршка за европскиот пат, заедно со подготвеност за понатамошна размена на искуства и продлабочување на соработката во оваа област.