Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Средба на Гаши со нерезидентниот амбасадор на Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи 

– Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со Фаисал Гази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Македонија, соопшти собраниската прес-служба. 

Гаши потенцирал дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа ја реафирмираше потребата од  поблиска соработка меѓу Собранието на Македонија и парламентот (Шура) на Кралството Саудиска Арабија.

Тој истакнал дека во Собранието во неколку последователни мандати се формира Пратеничка група за соработка со парламентите од земјите на Блискиот Исток и Арапскиот Залив. 

Реклама

Амбасадорот Фаисал Гази Исмаил Хифзи, пак, истакнал, дека во иднина очекува акцентот на билатералните односи меѓу Македонија и Кралството Саудиска Арабија да биде ставен на зајакнување на економската соработка со потпишување на повеќе билатерални договори во областа на инвестициите, слободната трговија и цивилната воздушна пловидба. 

Двајцата соговорници искажале големо задоволство од средбата и истакнаа дека пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат доколку се олесни визната политика меѓу двете држави.