Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Средба на Фетаи со амбасадорката на Грција Филипиду

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска одржа средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со заменик-амбасадорката г-ѓа Кристина Василату, стои во соопштението од Кабинетот на Фетаи.

На почетокот, г. Фетаи им посака добредојде и изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на Грција на патот на Македонија кон европската интеграција.

За време на разговорот се дискутираше за успешното одржување на локалните избори во 2025 година. Амбасадорката Филипиду ги честиташе Владата и институциите за организацијата на слободни, фер и целосно демократски избори,

Реклама

Зa време на средбата се дискутираше и за европската перспектива на земјата. Се разгледаа последните препораки од Извештајот за напредок на Европската комисија и се идентификуваа приоритетните области каде што се потребни дополнителни напори за да се забрза процесот на зачленување во Европската Унија. Страните ја реафирмираа заедничката посветеност на унапредувањето на реформите и продлабочувањето на билатералната соработка во оваа насока.

Заменик-претседателот Фетаи исто така ја информираше амбасадорката за интензивната работа на неговиот Кабинет, нагласувајќи ги постигнатите резултати во борбата против корупцијата, финансиските истраги и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот, зголемувањето на транспарентноста и тесната соработка со граѓанскиот сектор. Се истакна дека овие реформи даваат значајни резултати и ја зголемуваат довербата на граѓаните во институциите.

Страните изразија задоволство од високото ниво на односите меѓу двете земји и подготвеност за уште поблиска соработка во иднина. Грција продолжува да биде еден од најсилните поддржувачи на Северна Македонија на патот кон европското семејство.