Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Средба на Бислимовски со амбасадорката на Кина Сјаојен, во фокусот проширување на соработката во енергетиката

Над 55 проценти од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 55 проценти од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, на денешната средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.

Како што стои во соопштението на РКЕ, соговорниците ги споделиле искуствата во секторот и истакнале дека полето на соработка може да се прошири, доколку се земе во предвид дека сѐ повеќе се употребуваат материјали со кинеско производство при реализација на значаен дел од инвестициите во енергетиката.

– Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки, посочи Бислимоски.

Реклама

Од РКЕ додаваат дека на средбата се разговарало и за тоа како новите технологии,  паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција.