Реклама

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Македонија

Средба Минчев – Чучуљ, тема јакнење на интегритетот во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев оствари работна средба со претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на која се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на јакнење на интегритетот во јавната администрација.

Како што информираат од МЈА, фокус на средбата бил ставен на развој и спроведување на едукативни активности и обуки за јавните службеници, насочени кон зајакнување на интегритетот и професионалното постапување во институциите. 

-Целта на овие активности е унапредување на превентивните механизми, како и намалување и спречување на корупцијата во јавната администрација преку подигнување на свеста, знаењето и одговорноста на јавните службеници, велат од МЈА.

Реклама

На средбата била истакната заедничката заложба за продлабочување на соработката меѓу двете институции, која во наредниот период ќе биде дополнително формализирана преку потпишување на меморандум за соработка.

Министерството за јавна администрација, велат оттаму, останува посветено на унапредување на професионалноста, транспарентноста и интегритетот во јавниот сектор, преку координирани активности, обуки и иницијативи кои придонесуваат за поефикасна, отчетна, одговорна и модерна јавна администрација.