Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба Мицкоски – Таравари: Разговорите за коалицијата продолжуваат

Во конструктивен дух заврши денешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во конструктивен дух заврши денешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари.

-Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец ќе се знае иднината за функционирањето на Алијанса на Албанците на Таравари, брифираат од Владата.

Како што дознаваме на средбата премиерот ги потврдил веќе јавно изнесените позиции.

Реклама

Мицкоски денеска пред средбата изјави дека генерално би сакал да слушне како размислува Таравари во делот на последните случувања кои се познати во јавноста.

-По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните. Втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот посочи дека сака да слушне од Таравари која опција е за него.

-Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават, истакна Мицкоски.

„Никого во животов не сум молел, ниту па имам намера некого да молам. Со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста, со големо мнозинство. Останува на него и неговите сопартијци да одлучат“, рече премиерот.