Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Загреб: Хрватска со силна поддршка за европските интеграции на Македонија

Односите меѓу Македонија и Хрватска се братски и Хрватска снажно ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Односите меѓу Македонија и Хрватска се братски и Хрватска снажно ќе ја поддржи земјата на нејзиниот европски пат – рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по билатералната средба со својот македонски колега Христијан Мицкоски. Пленковиќ истакна дека ја разбира фрустрацијата кај македонските граѓани поради предолгото чекање за влез во Унијата. Смета дека отворените прашања со кои Македонија се судира на тој пат се неправедни кон македонскиот народ и неговиот идентитет. Според него, државава не треба да се соочи со уште пречки до влезот во ЕУ. Најави продолжување на поддршката и трансфер на знаења во делот на реформите кои треба да се направат на интегративниот пат.

Мицкоски му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката кон Еу интеграцијата. Истакна дека односите меѓу двете земји се на едно исклучително високо ниво и изрази надеж дека тоа ќе продолжи така и во иднина. Сепак, и тој зборуваше за евтоинтегративниот процес на Македонија како вртлог без крај. Рече дека реформите кои неговата Влада ќе ги направи треба да ја исправат две и пол децениската неправда кон Македонија. Хрватските искуства биле драгоцени, но сепак и покрај тоа што двете земји заедно го почнаа патот, тој посочи дека Хрватска денеска е членка на ЕУ, за разлика од Македонија која сеуште е заглавена е заглавена пред портите на Унијата. Побара поддршка и од ЕУ, бидејќи рече дека интегративниот пат е двонасочна улица.

Трговската размена меѓу Македонија и Хрватска изнесува 300 милиони долари. Мицкоски рече дека двете земји можат да ја продлабочат соработката на економско ниво и заеднички компаниите да настапуваат преку конзорциуми на трети пазари. Двете земји потпишаа два меморандуми, еден во областа на здравството за размена на експерти и советодавни услуги и во образованието за обезбедување исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти. Мицкоски во Загреб има средба и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.