Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Средба Хоџа – Мејдани: Заложба за регионална координација на Зелената агенда во рамки на европските интеграции

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Денион Мејдани, на која ги оценил како одлични односите меѓу двете земји и ја истакнал важноста од блиска регионална соработка за спроведување на зелените политики и постигнување на европските стандарди.

Како што информираат од МЖСПП, посебен фокус во разговорите бил ставен на размената на искуства и добри практики во процесот на усогласување со политиките на Европската Унија во областа на животната средина, како и на можностите за заеднички иницијативи кои придонесуваат кон одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во двете земји.

Амбасадорот Мејдани ја изразил подготвеноста на Република Албанија за продолжување и продлабочување на соработката со институциите на Македонија, при што ја нагласил важноста од регионална координација во рамки на Зелената агенда за Западен Балкан и процесот на европска интеграција.

Реклама

Соговорниците, се посочува, ја потврдиле заедничката заложба за континуиран дијалог, искрено партнерство и конкретна соработка во проекти и иницијативи кои придонесуваат за заштита на животната средина и зајакнување на регионалната стабилност и развој.