Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Србите во Македонија почнаа со чествување на „Свети Сава“

Со неколку претстави од учениците од прво до петто одделение од основните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со неколку претстави од учениците од прво до петто одделение од основните училишта од селата Четирце и Горно Коњаре, денеска се одбележа големиот национален празник на српската заедница во Македонија, „Свети Сава“.

Во министерството за односи меѓу заедниците, министерот Стоиљковиќ рече дека со ваквиот настан се дава нов квалитет во третманот и пристапот на помалите етнички заедници, кои како што рече досега не ја уживаа поддршката и целосното внимание од страна на државата. Стоилковиќ рече дека во минатото заедниците биле запоставени и во културниот и политички живот.

„Припадниците на сите помали етнички заедници во Македонија, располагаат со сериозна сума на пари, за одбележување на нивните национални празници, благодарејќи на Владата на државата, која во буџетот издвои доволно средства сите припадници на националните заедници кога ќе дојде нивниот ден, на тој ден, на најдобар можен начин да ги прикажат на македонската јавност, своите национални и културни и сите други особености“, рече Иван Стоиљковиќ, министерот за односи меѓу заедниците.

Реклама

На настанот присуствуваше српската амбасорка во Македонија, Невена Јовановиќ, која рече дека преку овој настан се испратени пораки за братска љубов и слога меѓу заедниците и дека заедно со децата од училиштата се потсетиле колку е важно образованието и негувањето на меѓучовечките односи. 

„Српската заедница во Македонија низ децениите преку својата работа и ангажман покажа дека е релевантен и кредибилен партнер и претставува важен сегмент за функционирањето на целокупното општество во Македонија“, изјави амбасадорката на Србија во Македонија Невена Јовановиќ.

На крајот од настанот, Стоилковиќ им подари на децата пакетчиња и Буквар за да можат полесно го изучуваат нивниот мајчин јазик. По повод националниот празник на Србите, во Македонија во недела во Занаетчискиот дом во Куманово ќе се одржи и Светосавска академија во организација на Демократската партија на Србите од Македонија и Српската заедница.

Љубиша Владимиров