Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Срби, Руси, линч на медиуми и банки – Филипче го претвори Советот за евтоинтеграции во партиска бина на СДСМ

Кипар не фали, Филипче си тера политиканство. Денешната седница на националниот совет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кипар не фали, Филипче си тера политиканство. Денешната седница на националниот совет за Евроинтеграрции, каде новиот претседавач со Унијата, Кипар ги преставуваше своите приоритети и го призна напредокот на Македонија, се претвори во прес-конференција на СДСМ. Претседателот советот, Филипче го злупотреби подиумот за да ги повтори своите секојдневни критики кон власта.

За разлика од него, Кипар и го призна на Македонија напредокот во спроведувањето на реформите и напорите за владеењето на правото. Најави дека ќе работи на зајакнување на безбедноста не ЕУ, конкурентноста и зајакнување на пазарот како и подобрување на условите на бизнисмените. Кипарскиот амбасадор во Македонија, Андреас Фотиу вели дека проширувањето  и понатаму останува главен приоритет на ЕУ, но тоа ќе се заснова само на заслуги.

Претседателот на Советот изгледа не го интересираше Кипар, па го искористи моментот да си распали по власта со критики, за како што вели, застој на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Тој рече дека не се спроведувала реформската агенда, а обвини дека власта со изгласаната резолуција за наводните мигранти, удира по слободата на говорот. Во кошот влегоа Српското влијание, Русија, напад врз медиуми, банки и што се не.

Реклама

На ова му реплицираше пратеникот Милошски. Според него, Филипче е стечаен говорник, а неговата партија е во политички стечај.

На собраниската седница беше констатирано и дека процесот на пристап кон ЕУ не е лесен и бара длабока трансформација. Македонија според последните заклучоци на ЕУ покажа подобрување во реформите за јавната администрација, а слаба точка е владеење на правото. Од земјата се очекуваат поголеми резултати од борбата против високата корупција, посилни институции и враќањето на довербата на граѓаните во правосудните институции.