Реклама
Македонија

Спречен меѓународен канал за шверц на дрога: Запленети 189 килограми марихуана вредна 707.000 евра

Во бали од компресирана рециклирана хартија товарена во камион на граничниот премин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во бали од компресирана рециклирана хартија товарена во камион на граничниот премин Богородица полициските службеници и цариници открија 188 килограми марихуана што требала да заврши на пазарот во Турција. Проценката е дека на црниот пазар дрогата има вредност од 707.000 евра. Во успешната акција на цариниците и Бирото за јавна безбедност уапсени се двајца осомничени од Куманово и Тетово и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Двајцата возачи на 8 февруари влегле на Блаце со камион. Едниот од нив на 9 февруари со истиот товарен камион од место близу Куманово и Паланка оди кон граничниот премин Богородица.

Царинската управа влезе во траг и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничен премин Богородица се запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана која требало да заврши во Турција. Две лица се лишени од слобода и против нив до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Овој случај е прв од многуте во иднина каде со заеднички сили ветуваме уште пожестока борба со криминалот – рече Николовски.

Реклама

Успешната акција е резултат на зајакнатата соработка и добро координирани акции на полициските и царинските службеници, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност.

На Богородица е извршена детална контрола на камионот при што меѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата на црниот пазар изнесува 707 илјади евра. Во заедничка акција која траеше неколку дена покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинска управа координирано работиме во неколку области. Мора да би да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Го сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа – истакна директорот Јанев.

Полицијата успешно се справува и со пресекување на каналите на македонските нарко картели. Изминативе месеци мве разби криминални групи коишто се занимавале со продажба на дрога. Станува збор за апсењето на шефот на нарко пазарот во Македонија Раде Трајковски Штекли кој преживеа три обиди за убиство. Полицијата ја растури 14 члената криминална дружина на Штекли која се сомничи дека соработувала во бизнисот со дрога со прочуената Беланоца која исто така беше разбиена пред два месеци.  

Добро опремени и вооружени полициски сили упаднаа во Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани – места кои се сметаат за бази на бандата Беланоца. Во акцијата паднаа 18 членови на бандата Беланоца.