Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

СПМ: Да градиме општество во кое трудот е ценет, а работникот е слободен, достоинствен и горд

Честит 1-ви Мај на сите кои со својот труд и посветеност градат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честит 1-ви Мај на сите кои со својот труд и посветеност градат подобра иднина за сите нас! Денот на трудот е симбол на борбата за работничките права и достоинството. Да го чуваме трудот, да се грижиме за работникот и да градиме подобра иднина за сите!, се наведува во соопштението од Социјалистичка партија на Македонија.

1-ви Мај во историјата е врежан како симбол на човечкото достоинство и непокорот. Денес не се потсетуваме само на минатото и на историските борби за осумчасовен работен ден, денес гласно зборуваме за слободата на трудот и за вредноста на секој поединец во нашето општество.

А токму работниците се темелот на секое општество.

Реклама

Ако трудот го создал човекот, денес порачуваме дека трудот мора да го почитува човекот!

Вистинската слобода на трудот не е само правото на работа, туку тоа е и правото на достоинствена работа. Тоа е правото на правична плата, на социјална сигурност и на безбедна иднина за нашите семејства.

Трудот не смее да биде товар или експлоатација. Тој треба да биде креативна сила преку која секој од нас се остварува себеси и придонесува за заедницата која подеднакво се грижи за секого.

Затоа, денес ја славиме солидарноста, онаа невидлива нишка што нè поврзува сите нас, без разлика на професијата.
Кога еден работник е обесправен, сите сме засегнати. Кога еден напредува, сите одиме напред.

Ви посакуваме овој празник да го поминете спокојно, но и со обновена надеж. Нека ни биде мотив да продолжиме да градиме општество во кое социјалната правда не е само пишан збор, туку реалност што ја живееме. Општество во кое трудот е ценет, а работникот е слободен, достоинствен и горд.

Да живее трудот!
Да живее солидарноста!
Честит 1-ви Мај!