Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Спласна национализмот на ДУИ: Груби и сомнежите за криминал ги однесоа од воинствени закани до панел дискусија за култура

Од воинствени закани, најави за дестабилизација, за секојдневни протести, до панел дускусија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од воинствени закани, најави за дестабилизација, за секојдневни протести, до панел дускусија на партискиот сектор за култура, видео обраќање на Али Ахмети за изборите во Косово и прес конференција на Талат Џафери за дискриминација на Албанците во државната администрација.

По ставањето на бегалецот Артан Груби на американската црна листа и најавата дека се водат истраги за криминали на нивни поранешни функционери, спласна силната националистичка реторика на ДУИ. Повеќе ги нема секојдневните прес конференции на кои се најавуваше кревање на Албанците во Македонија, поради наводно незадоволство од политиките на власта.

Според познавачите ова го покажува дека кај ДУИ постои страв од кривична одговорност, бидејќи очигледно се вршеле голем криминал, а надлежните конечно почнале да работат во борбата со корупцијата.

Реклама

-Водењето на постапката на борба со криминалот и корупцијата, барањето на одговорност и ставањето на црните листи, се на се ова влијае негативно врз ставовите на ДУИ. Бидејќи ДУИ почна да се троши како политичка партија, бидејќи последниов период излегуваат на прес конференции и имаат само една иста изјава тоа е дека Албанците се бркаат од институциите на државата, вели за Алфа политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.

На ДУИ прво им пречеше укинувањето на балансерот, потоа одлуката на Уставниот суд да ја успитуваат уставноста на законот за употребата на јазиците. Во тој период решија да излезат и на протест, а тогаш го добија и можеби и најголемиот студен туш, ставањето на Груби на црната листа на САД. Според Љуљзим Фаризи, тоа што не добија поддршка од странците за ниту еден потег, покажува дека ја изгубиле поддршката кај меѓународниот фактор.

-Се сплеткаа работите, бидејќи првото тие што го направија, пратија писмо кај меѓународната заедница, на кое ниту еден не им одговори. Дури Даниел Сервер и другите им дадоа студен туш на нивните на нивните прашања, вели Фаризи.

ДУИ претходно објавија и воинствено видео во кое Ахмети порачува дека никогаш не изгубил војна, кое подоцна го снема од социјалните мрежи. А последниов месец како целосно да исчезнаа нивните јавни настапи, се сведоа на само неколку прес конференции, од кои една на подмладокот и три средби со граѓани во Чашка, Брвеница и Желино. Обраќањето кон јавноста е главно е преку пишани соопштенија. 

Матеја Петровски