Реклама

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Македонија

Советот на Општина Кочани одлучи да не се носи отпад од другите општини на градската депонија

Со деветнаесет гласа ЗА , кочанските советници, едногласно донесоа одлука  со која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со деветнаесет гласа ЗА , кочанските советници, едногласно донесоа одлука  со која се забранува депонирање на комунален отпад од соседните општини, на Градската депонија. Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред, што го предложи претседателот на Советот , посочувајќи дека е по барање на граѓаните кои веќе трета недела протестираат кај селото Бели.

„Член 1-Советот на Општина Кочани бара веднаш да престане депонирањето на отпад од соседните општини , се до отпочнување со работа на регионалната депонија во Свети Николе и до моментот на избор на постојан оператор за нејзино одржување. Член2-одлуката д биде доставена до Комуналното претпријатие, соседните општини и до Влада на Република Македонија и под член3 да стапи во сила од денот на донесувањето„ изјави Лазо Митев, претседател на Совет на Општина Кочани

Салата на Советот на Општина Кочани беше претесна да ги собере сите активисти, кои со громогласен аплауз го поздравија донесувањето на одлуката.  По ова, најверојатно блокадите ќе се стават во мирување.

Реклама

„Во името на луѓето кои во огромен број се бореа сите овие денови , сакам да изразам огромна благодарност до Советот и Локалната самоуправа, поради тоа што застанаа позади нас и да не ни се случуват вакви катастрофи„ изјави Столе Глувчевски, граѓански активист“

Со донесувањето на ваквата одлука, Кочани не е против изградба на регионалната депонија, од говорницата порача градоначалнникот Љупчо Папазов.

„Општината е посветена на реализацијата на конечната цела, затварање на депонијата во Кочани. Еден од важните услови е изградбата на регионалната депонија. Повторувам, Општина Кочани не е против изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, ќе ве молчам да се водите во тој правец„ изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани“

За утре е закажан состанок помеѓу градоначалниците на Кочани, Зрновци, Виница и Чешиново-Облешево со цел да се најде начин каде понатаму овие општини да го депонираат својот смет.

На денешната седница на Совет, советниците ја прифатија и иницијативата за формирање на Еко патрола, која ќе врши надзор на депонирањето на отпадот.

Александра Ристевска