Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Советот на Општина Дебар донесе одлука за отворање паралелка за деца со посебни потреби во деветолетката „Пенестија”

Советот на општина Дебар донесе едногласна одлука, со која ја поддржа иницијативата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на општина Дебар донесе едногласна одлука, со која ја поддржа иницијативата за отворање посебна паралелка за ученици со посебни потреби во Општинското основно училиште „Пенестија“ во градот, каде што наставата се изведува на македонски и албански јазик. 
 
Образложувајќи го предлогот пред општинските советници, Армира Шарку, раководителка на  Секторот за образование  и култура, при локалната самоуправа, нагласи дека барањето за отворање на ваква паралелка доаѓа како резултат на зголемениот број на деца со посебни потреби во општината. 
 
– Има значителното зголемување на бројот на деца со попреченост. Моментално има 33 деца се на училишна возраст, кои посетуваат настава, од кои 31 во деветолетката „Пенестија“, додека по еден ученик „Саид Најдени“ исто така во Дебар и училиштето „Ристе Ристевски“ во селото Долно Косоврасти. Поради оваа причина, предлагаме првата паралелка да се отвори токму во „Пенестија“, изјави Шарку. 
 
Како што потврди, бројот на деца со посебни потреби е повисок, но дел од родителите не ги запишуваат децата да следат настава. 

 
-Исто така во детската градинка „Брешија” има 26 дечиња со посебни потреби. Тоа значи дека потребна е поголема ангажираност и повеќе од сигурно отворање повеќе вакви паралелки. Донесувањето на одлуката од страна на Советот значи дека ја започнуваме постапката за отворање. Се надеваме дека паралелката ќе профункционира во септември, на почетокот на новата учебна година, посочи Шарку.

Според неа моментно  се ангажирани тројца образовни асистенти, кои ќе бидат вклучени во наставниот процес во најавената паралелка и се кадри со долгогодишно искуство во работа со ученици со посебни потреби. 
 
Советниците кои едногласно ја донесоа одлуката, во расправата  меѓу другото посочија дека моментно овие ученици се распоредени во различни паралелки и оти ефектите од наставата не се на посакуваното ниво.  
 
Советниците оценија дека отворањето посебна паралелка ќе овозможи поспецијализиран пристап и подобри резултати во образовниот процес, што ќе помогне родителите да одлучат децата да следат настава а не да остануваат дома. 
 
Претседателот на Советот, Африм Крути нагласи дека локалната самоуправа максимално ќе се заложи за забрзување на отворањето на паралелката, со цел да се обезбедат најдобри услови за образование за оваа категорија ученици.