Реклама
Македонија

Советот на јавни обвинители можно е веќе утре да почне да ги разгледува петте кандидатури за нов јавен обвинител

Правдата мора да излезе од фиоките. Кривичните пријави кои фатија прашина, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата мора да излезе од фиоките. Кривичните пријави кои фатија прашина, а и истрагите заборавени по канцелариите да добијат судска разрешница. Новиот јавен обвинител да биде заштитник на правото, генератор на правда и правдина. Ова се очекувањата на премиерот од првиот човек кој ќе го раководи јавното обвинителство. Разгледувањето на кандидатите за таа позиција би можело да започне утре на закажана седница на Советот на јавни обвинители. Тие уште го чекаат предлогот од Владата, па доколку во меѓувреме го добијат, почнува да тече рокот кој го имаат за да дадат мислење за пријавените кандидати. Без разлика кој ќе дојде на позицијата уште првиот ден ќе треба да ги засука ракавите.  

  • Прво што треба да направи сите оние документи и случаи коишто се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму кадешто нема дело и докази да ги затвори, таму кадешто има дело и докази да оформи случај и потоа да го испрати да судот, а судот потоа треба да одлучи дали ќе отпочне или нема да отпочне судска постапка. Очекувам да биде заштитник на правото, да биде генератор на правда, правдина и тоа е она што го очекувам од новиот државен јавен обвинител,“ рече Мицкоски

Институционална разрешница премиерот очекува и за случајот со европските земјоделски фондови. Обвинението товари деветмина кои нуделе и давале мито за да протуркаат апликација за ИПАРД пари кои не ги исполнувала условите.

  • Овој случај ние како Влада го откривме и ние како Влада постапувавме по овој случај. И луѓето за коишто постои основано сомнение дека сториле кривично дело, Обвинителството, а понатаму и Судот треба во една судска постапка да го докаже истото. Мислам дека има, од тие информации со кои јас располагам, доволен број докази за да овој процес добие судска разврска,“ рече Мицкоски.

Во трката за државен обвинител влегоа пет кандидати. Сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Реклама

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државен јавен обвинител, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.