Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Социјалната услуга „Помош и нега во домот“ во Прилеп, од први август го презеде државата

Државата односно Министерството за труд и социјална политика ја презема грижата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата односно Министерството за труд и социјална политика ја презема грижата за старите и изнемоштени лица во домашни услови. Овие  услуги кои што во траење од една година, по проект финансирана од Светската банка, до први август ги даваше Центарот за развој и едукација од

Прилеп на над 210 корисници во општините: Кривогаштани, Прилеп и Долнени преку 58-те обучени негуватели, од први август преминаа под капата на ресорното Министерство, со цел овој едногодишен проект кој се покажал како неопходно нужен за корисниците, да продолжи, да биде одржлив, но и да се проширува.

„Склучувањето на Управен договор со Министерството за труд и социјална политика укажува на тоа дека Министерството понатаму ги презема финансиските импликации за оваа услуга да стане дел од системот за социјална заштита и услуги на ниво на држава“, вели Марина Тошеска од Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп. 

Реклама

„Имаме надеж дека можеби има потреба за проширување на услугата за поголем број на негуватели за трите општини. Голема благодарност до Министерството за ова што ја презеде улогата за да имаме одржлива услуга на локално ниво“, рече Зоран Малковски, дипл.соц. работник и в.д. директор на ЦСР – Прилеп.

Грижата за корисниците на оваа услуга, кои најчесто се стари и изнемоштени лица, со различни специфични потреби, воопшто не е лесна. Туку, таа е многу одговорна и бара целосна наша посветеност, велат негувателите.

 „Нудиме помош и поддрша на старите лица, односно на лицата кои се со намален функционален капацитет, односно оние кои што не можат да се грижат сами за себе во однос на исполнување на нивните  инструментални активности“, – кажа Драгана Јосифоска, координатор на Услугата помош и нега за тари лица во дом.

„Навистина треба да си подготвен и психички и физички за да одговориш на барањата на лицата. Да им дадеме терапија, да ги однесеме на лекар, да ги избањаме, да им ги подготвиме нивните јадења“, посочи Маргарита Стеваноска – Петреска, негувателка.

Со ставањето на овој проект под капата на државата, Македонија се вбројува во земјите кои прават сериозен исчекор напред во институционалната грижа за оваа категорија граѓани која станува се’ побројна, велат упатените.

 Каролина Дурло