Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Собраниската комисија за образование, наука и спорт ги прифати забелешките на Владата за Универзитетот Мајка Тереза

На последната 24. седница на Собраниската комисија за образование, наука и спорт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На последната 24. седница на Собраниската комисија за образование, наука и спорт беа прифатени сите забелешки на Владата кои се однесуваа на статутарните одлуки на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во образложението пред пратениците и членовите на комисијата беше кажано дека се однесуваат на технички измени кои се во склад со законските прописи.

Со Статутарната одлука за изменување и дополнување на статутот на универзитетот „Мајка Тереза“ има измени во печатот и печатот каде треба да стои името на универзитетот на македонски, албански и англиски јазик. Измени беа побарани и во дипломите и додатокот кои им се издаваат на студентите каде ќе се запази истиот редослед на јазиците.

– Со нов член од Статутарната одлука има измени со кои „Одората на ректорот е во темноцрвена боја со додаток сина и темносина боја. Одората на проректорите, деканите и продеканите е во темносина боја, со додаток во светлосина и бела боја, дополни претседателката на комисијата Иванка Василева.

Реклама

Во образложението на претставникот на универзитетот Бујамин Вела, беше кажано дека се прават и измени во Статутот каде во член 1 став се 1 и така сврзникот „и“ се заменува со запирка и по зборовите „Факултет за социјални науки“ се додаваат зборовите „Правен факултет, Економски факултет“ и Факултет за хуманистички науки. Тој напомнеа дека измените доаѓаат од законските прописи и препораки од МОН.

Забелешките беа едногласно прифатени, по што беше констатирано дека Комисијата писмено ќе ја извести Законодавно-правната комисија на Собранието за да постапи согласно членот 207 став 1 од Деловникот на Собранието.