Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Собраниска делегација на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ во Андора

На 24. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 24. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што се одржува од 7 до 9 октомври 2026 година во Андора ла Веља, Андора учествува собраниска делегација во состав: пратеничката Моника Зајкова, шеф на Делегацијата и потпретседателка на ПС на ОБСЕ и пратениците Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата. Во рамките на Есенската сесија се одржуваат: Седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ, Парламентарна конференција на тема: „Нови предизвици, заеднички одговори: зајакнување на соработката во областа на ОБСЕ“ и Медитерански форум, информираат од собраниската прес-служба.

На отворањето на Парламентарната конференција се обратија: претседателот на Генералниот совет (Парламентот) на Андора, Карлес Ензењат Реиг, претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Жоан Понс и генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу.

Во дискусијата на првата сесија на Конференцијата, на тема: „Парламентите како градители на доверба: одбрана на мултилатерализмот и почитување на заедничките обврски во областа на ОБСЕ“ се обрати пратеникот Никола Мицевски. Тој истакна дека довербата во меѓународните односи се гради кога обврските се почитуваат, правилата се применуваат доследно и дијалогот останува отворен. Нагласи дека парламентите, како институции најблиски до граѓаните, ги прават реални принципите од Хелсиншкиот завршен акт на ОБСЕ, преку ратификување на обврските, усвојување законодавство, донесување буџети и надзор над извршната власт.

Реклама

Осврнувајќи се на нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 година, Мицевски посочи дека, и покрај исклучително сложените околности и воените конфликти во Европа, на Министерскиот совет во Скопје 57 земји учеснички постигнаа компромис, што претставува потврда дека дијалогот може да даде резултати и во најтешки услови. Тој потсети и на долгогодишното присуство на ОБСЕ во земјава, нагласувајќи дека улогата на Организацијата не се состои само во декларации и институционални процеси, туку има конкретно влијание на теренот.

Мицевски нагласи дека слободните и фер избори се темел на демократскиот легитимитет, а парламентарното набљудување на изборите овозможува размена на искуства, препознавање на добрите практики и согледување на областите што може да се унапредат.

Потпретседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ и шеф на Делегацијата, Моника Зајкова, беше модераторка на втората сесија на тема: „Зајакнување на енергетската сувереност во областа на ОБСЕ: безбедност, ефикасност, одржливост“. На сесијата беа разгледани прашања поврзани со енергетската безбедност, ефикасноста и одржливоста, со учество на парламентарци, како и претставници на енергетскиот сектор и на ОБСЕ.

Во завршното обраќање на сесијата, Зајкова истакна дека енергетскиот суверенитет не значи целосна енергетска самодоволност, туку обезбедување сигурно и достапно снабдување, како и поврзаност со регионалните и меѓународните енергетски пазари. Таа нагласи дека енергетската безбедност се соочува со нови предизвици поврзани со дигитализацијата, зголемената побарувачка на електрична енергија и климатските промени и ја посочи потребата од долгорочно планирање и ефикасен парламентарен надзор, со цел да се обезбедат отпорни системи, заштита на граѓаните и одржлив економски развој. Особено ја истакна важната улога на националните парламенти во обезбедувањето ресурси и поттикнувањето на меѓународната соработка.

Искуството на Украина беше издвоено како јасен пример за значењето на енергетската инфраструктура за отпорноста на општествата и за потребата од подготвеност, резервни капацитети, прекугранична поддршка и брзо приспособување во услови на криза. Во тој контекст, Зајкова ја нагласи улогата на ПС на ОБСЕ во овие прашања, особено преку поддршката за Украина и осудата на нападите врз критичната енергетска инфраструктура.

Потпретседателката на ПС на ОБСЕ Зајкова оцени дека предизвиците во областа на енергетската безбедност не можат да се решаваат изолирано од страна на поединечни држави или сектори. Затоа, таа го нагласи значењето на континуираниот дијалог, практичната соработка и размената на искуства во рамките на ОБСЕ.

Пратеникот Бобан Карапејовски се обрати на третата сесија, посветена на заштитата на ранливите групи во дигиталната ера, вештачката интелигенција, сајбербезбедноста и хибридните закани за човековите права. Тој истакна дека вештачката интелигенција може да придонесе за подобро разбирање на законите, побрзо и поефикасно функционирање на институциите и поголема отвореност на парламентите, но истовремено носи ризици од манипулација, дезинформации, сајбернапади и загрозување на ранливите категории. Како особено ранливи тој ги посочи децата, постарите лица, малцинските и маргинализираните заедници, новинарите и активистите, како и жените кои се соочуваат со дигитално насилство поради нивното учество во јавниот живот.

Карапејовски нагласи дека технолошките иновации мора да бидат проследени со институционална одговорност и силни механизми за заштита на човековите права. Во таа насока, тој информираше за потпишувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и на Меморандумот за соработка меѓу Собранието и ФИНКИ. Оцени дека парламентите треба да соработуваат со научната заедница при развојот и примената на вештачката интелигенција, со обезбедување сигурност, доверливост и човечка одговорност.

Тој предложи јасно законско регулирање на дигиталното насилство, обезбедување ефикасна заштита од говор на омраза, измами и дезинформации на сите јазици, вклучително и на помалите јазици, како и поголема транспарентност при користењето на ВИ од страна на институциите. Нагласи дека задачата на парламентите не е да го забавуваат технолошкиот развој, туку да му дадат демократска насока, така што технологијата ќе им служи на граѓаните, при што најранливите ќе бидат заштитени први, а не последни.

Есенската сесија на ПС на ОБСЕ продолжува и утре, 9 октомври 2026 година, со Седница на Медитеранскиот форум на Парламентарното собрание на ОБСЕ.