Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Собранието нема што да толкува за помилувањата

Пратениците не го прифатија барањето на министерката за правда Рената Дескоска. Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците не го прифатија барањето на министерката за правда Рената Дескоска. Собранието нема да даде автентично толкување на членот  11 од Законот за помилување. Како што кажа претседателката на Законодавно правната комисија, Соња Мираковска, членот 11 не постоел, па поради тоа Собранието не можело ни да го толкува.

-Барањето за давање на автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски не е оправдано. Затоа што и Законодавно правната комисија и Собранието како пленум не може да толкува норма која не постои, изјави Мираковска.

Сепак, Мираковска изрази надеж дека Уставниот суд нема да врати аболицијата на Иванов.

Реклама

-Јас верувам дека овој извештај како документ кој ќе произлезе од Собранието нема да биде документ за потценување и ќе го почитува и Уставниот суд. Не постоејќи можноста, немајќи го членот 11 во правниот поредок претседателот немал ни право да амнестира норма 11-а која е направена врз основа на претпоставка дека претседателот имал право да амнестира, изјави Мираковска.

Инаку, законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11, кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка. Врз основа на овој член аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски доби премиерот Зоран Заев.

Матеја Петровски