Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

Собранието ќе почне постапка за отповикување на членови на Судскиот совет

Негативниот извештај на Судскиот совет ќе иницира постапка во Собранието за разрешување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Негативниот извештај на Судскиот совет ќе иницира постапка во Собранието за разрешување на најскандалозните четворица членови на Советот. Ова го потврди и собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите.

Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, и Тања Чачарова Илиевска, членовите на судски кои беа именувани од Собранието, ќе бидат отповикани во Комисијата за именување и назначување, а со тоа официјално почнува и постапката за разрешување.

Собранискиот спикер рече дека Комисијата ќе се консултира и со правни експерти, но според деловникот, членовите можат да бидат отповикани, на истиот начин според кој биле именувани.

Реклама

Покрај овие четворица, Собранието го именуваше и Мустафа Миљазим, но нему  мандатот му истекува овој месец, а на негово место седнува Аритон Ала.Тој беше  изгласан заедно со судијката Данка Ристова од членовите на Советот, а не од Собранието.

Инаку, за сите членови именувани од Собранието, јавноста виде фотографии и документи за нивните партиски функции и врски во СДСМ и ДУИ.

Весна Дамева и Павлина Црвенковска седнаа на високите судски функции без ниту еден ден судиски стаж. Дамева пред да биде предлог на претседателот Стево Пендаровски,  со години беше стручен соработник во Кривичниот суд. Таа е поранешен член на правната комисија на СДСМ. Исто како не(а)јзе, и Павлина Црвенковска никогаш не судела и пред да стане член на советот била стручен соработник во Аплеција. Пред да влезе во Советот била вработена како советничка во Владата на СДСМ и ДУИ од 2002 до 2006.

Таа поднесе оставка од функцијата и зад себе остави сомнежи за влијанија во работата на Судскиот совет.

Третиот контроверзен член е Селим Адеми кој пред да седне во Советот, извршувал партиски функции во ДУИ. Тој е најгласниот бранител за разрешувањето на судијата од црната листа, Енвер Беџети.

И името на Тања Чачарова Илиевска се поврзува со СДСМ. Таа е на листата донатори на партијата.

Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои, петмина ги избира Собранието. Двајца од нив се на предлог на претседателот на државата. Контроверзните  членови Дамева и Адеми ги предложи Пендаровски, кој стана претседател на македонија како кандит на СДСМ.