Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Собранието ја констатираше оставката заменик министерот за образование Алиу 

Собранието на денешната 84. седница ја констатираше оставката на заменик министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на денешната 84. седница ја констатираше оставката на заменик министерот за образование Лулзим Алиу. Алиу на 19 јануари преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата.

Во оставката  до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Алиу посочи дека таа доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа и оти во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле.

-Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истажувако-научна работа, како и посветеност кон семејството, наведе Алиу во оставката, што ја објави на својот фејсбук профил. 

Реклама

Алиу на Владата и посакува понатамошни успсеси во работата и упатува благодарност за довербата и за можноста што му била укажана да служи на оваа одговорна позиција.

Лулзим Алиу е кадар на коалицијата ВРЕДИ, односно од партијата Алтернатива. Тој упати благодарност и до партијата и нејзиниот актуелен претседател Беким Али и на претходните партиски претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.