Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥Со учебници за сите, вештачката интелегенција во наставата и грижа за образованието на децата во болница почнува новата учебна година

Од утре започнува новата учебна година, а министерката за образование Весна Јаневска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од утре започнува новата учебна година, а министерката за образование Весна Јаневска им посака среќен почеток и успех во стартот на сите ученици со значително подобрување на условите за настава во училиштата. зголемен број образовни асистенти во основното, но и за прв пат во средното образование, како и за учениците со посебни потреби. За прв пат е воведено и формално образование за децата на долготрајно болничко лекување.

“Значително се подигнува и инклузивноста на образовниот систем. Освен 1346 образовни асистенти во основните училишта, за прв пат, образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти. За прв пат е воведено и формално образование за децата на долготрајно болничко лекување и тие повеќе нема да губат настава. Зависно од нивната состојба ќе можат да се вклучуваат онлајн во својот клас или пак, наставникот индивидуално ќе работи со нив.”- изјави министерката Весна Јаневска.

Како што веќе беше најавено од страна на министерството, учениците конечно ќе стартуваат со нови учебници по сите предмети, дури и по странските јазици што се очекува да бидат доставени до сите училишта до крајот на првата недела од училишната година. Започнува и  примената на вештачката интелегенција во наставните програми.

Реклама

Министерката најави и покачување на платите на наставниците.

„Верувам во квалитетите на наставниците и очекувам мотивирани да ја започнат новата учебна година, во која секако, ќе имаат и ново зголемување на платите, онака како што се договоривме пред 1 година, од 7,5% до 10% во зависност од степенот на инфлацијата, за да имаме реален раст без манипулации како што тоа го правеа претходните структури“, додаде Јаневска. 

Со новите промени во образовниот систем според министерката оваа година се очекува да биде поуспешна и да се постигнат високи ресултати. Според досега доставените податоци од општините, учебната година ја започнуваат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци.